| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ го потценува овој народ, со давање празни и лажни ветувања.

gr

Остануваат уште 8-9 дена до крајот на оваа кампања во која народот како никогаш до сега масовно ќе излезе и ќе направи историска победа за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го истакна Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на вечерашниот митинг во Демир Хисар.

-Има многу причини за такво нешто. Прво поради она што го имаме сработено, нашиот минат труд, остварени ветувања, но и новата програма „Реално“ со над 500 страници во која има многу нови работи кои ќе се исполнат во наредните 4 години. Секако тука се и последните политички турбуленции и големата политичка криза која ни ја создаде СДСМ и затоа СДСМ ќе биде казнет, а ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромна поддршка, затоа што се бори за државата и за сите граѓани, затоа што не го делиме народот, а СДСМ го потценува овој народ, со давање празни и лажни ветувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top