Четиригодишната Попи Видисон починала откако мајка и и дала дрога за да може на мир да води љубов со својот партнер. Британката Михала Пајк (37) била во врска со својот дилер Џон Ритинг (40) кому му испратила порака со следнава содржина:
– Понеси шише вино. Ќе и дадеме „син Смарти (бомбона)“ и ќе ја пратиме на спиење…
Несреќното девојче мајката го дрогирала во последните шест месеци. И давала кетамин, хероин и метадони кои се користат како замена за хероин. Малата Попи мајката и нејзиниот партнер покрај дрогата и физички ја злоупотребувале.
Кобниот ден, лекарите девојчето го пронашле на каучот, сила сина и не дишела. Умрела следниот ден во детската болница во Шефилд, пишува Делји мејл.
Иако обвинителството нема докази дека мајката и нејзиното момче намерно сакале да ја убијат, она што е јасно е дека ја дрогирале за да ја смират.
Соседите тврдат дека Пајк својата ќерка ја нарекувала „мала кучка“, а честопати на рачињата на девојчето имало траги и насилство. Мајката тврди дека ја тепала само за да ја дисциплинира.
Михала и Џон тврдат дека не се повеќе во врска, а судењето продолжува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.