Дури 166 деца заболеле од норовирус во едно основно училиште во Англија. Сите се пуштени дома заедно со тројцата учители, откако почнале да повраќаат.
Родителите стравуваат дека бројот на заболени може уште да расте.
Се смета дека до ова дошло по грешка.
Портпаролот на сервисот задолжен за служење храна вели дека не станува збор за труење со храна, туку станува збор за норовирус.
Норовирус е многу чест во Велика Британија и е најчест пример на вирусен гастроентеритис кај луѓето. Од него може да заболат луѓе од сите возрасти, а може да се пренесе преку контаминирана храна и вода, како и со контакт со лице кое веќе е заболено.
За овој вирус е карактеристично мачнина, повраќање, пролив, бол во стомакот, како и губење на апетитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.