Календарот на „Твитер“ за 2017 година ќе биде промовиран вечер во фоајето на кино „Фросина“. Календарот е изработен од фотографите Ѕвонко Плавевски и Димитар Петровски-Дими, а дизајнот е на Гоце Велевски-Омајгад.
Календарот на „Твитер“ ќе се продава по симболична цена, а средствата ќе бидат донирани за хуманитарни цели.
Промоцијата на календарот е во рамките на настанот посветен на Светскиот ден за борба против сидата, под мотото „Шизици уживајте без ризици! Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.