Угостителските објекти во иднина ќе може да работат до 2 часот наутро, одлучи градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојчиќ. Оваа одлука уште денес ќе се најде на дневниот ред на Општината, пренесуваат „Независне новине“.
Досега работното време на кафеаните и на рестораните беше до 23 часот, но целта на оваа одлука е Бања Лука, како најголем град во Република Српска, да заживее.
– Градот е мртов по 23 часот, што е глупаво, бидејќи има толку многу туристи што го посетуваат. Оваа одлука ни оди во прилог на сите – велат од Градската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тешки времиња за угостителите на плажите: МПЦ ги покачува кириите за земјата и објектите покрај плажите
-
Каков кафеански човек е секој хороскопски знак?
-
Како во филмот „Викенд на мртовци“: Ќе погребале погрешна жена, семејството доживеало шок кога сфатило кого оплакува
-
Се криел од жената: Ископал тунел до кафаната и секоја вечер одел да пие!