| четврток, 6 декември 2018 |

Алармантнo зголемување на новите случаи на заразени со ХИВ меѓу тинејџерите

Новите случаи на заразени со ХИВ меѓу тинејџерите може да се зголеми за 60 отсто и да достигнат бројка од 400 илјади годишно во 2030 година, доколку не се забрза темпото за преземање мерки врз оваа ранлива група од населението, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.

Во документот, чиешто објавување се совпаѓа со Светскиот ден за борба против сидата, кој се одбележува денеска, се нагласува дека поради демографските тенденции, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на тинејџерите, бројот на заразени со ХИВ меѓу младите луѓе на возраст меѓу 15 и 19 години може речиси двојно да се зголеми во однос на 250 илјади случаи, регистрирани во 2015 година.

– Доколку напредокот во работата со таа група се забави, последиците може да се покажат како катастрофални – се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Организацијата предупредува  дека парите  кои се даваат за борба против сидата се намалени од 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top