| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка и ќерка газдарици-насилнички: Вработен дал отказ, а тие го киднапирале и малтретирале

majka-kerka

Вистинска филмска сцена се одиграла завчера на улицата Кумодрашка во Белград кога мајката Снежана Николиќ (47) и нејзината ќерка Ања (21) со помош на двајца мажи, нивниот поранешен вработен Ратко Радовиќ (32) на сила го втурнале во автомобил и го киднапирале и тепале. Четворицата соучесници биле уапсени и добиле притвор од по 48 часа.

Мајката и ќерката, инаку сопственички на авто-перална, отишле до објектот каде Ратко се вработил и прво вербално, а потоа и физички го нападнале. Тој пред неколку дена дал отказ од нивната перална, а по пријавата полицијата реагирала и се пуштила во потера по автомобилите, по што бргу ги пронашле.

90

Тие го однеле Радовиќ на своето старо работно место, во својата перална, а таму, како што сведочеле соседите, продолжило малтретирањето од напаѓачите .

– Видовме два автомобили во пералната. Во БМВ-то беа мајката и ќерката, а другата кола беше затемнета и од неа излегоа тројца мажи кои се тегнеа, викаа, а двајцата и го удираа Ретко по главата, раскажале очевидците.

Ратко живеел во станот над пералната, а односот во неговите поранешни шефици никогаш не му бил хармоничен.

– Живееше во нивен стан, а работеше за кирија и некоја ситна пара. Неколку пати си одеше од кај нив, но повотрно се враќаше. Сигурно кај нив работеше околу 2 години, раскажал еден од соседите за Блиц.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top