| четврток, 6 декември 2018 |

Најстудено во Маврово -12 степени, -9 во Лазарополе и Крушево, -4 Берово

Најниски темпераатури утрово се измерени во Маврово, -12 Целзиусови степени и Лазарополе и Крушево -9 степени. Минус 8 се измерени во Ѓуриште, -7 Пожаране, -6 Тополчани, -5 Берово и Крива. Паланка, -4 Дебар, Прилеп и Претор, -3 Битола, Куманово и Охрид, -2 Скопје Петровец, Штип, Виница, Д. Капија и Тетово, -1 Струмица, 0 Дојран, 1 Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 24 сантимери во Маврово, 16 сантиметри во Демир Капија, 15 сантиметри во Крива Паланка, 14 Берово, Битола 13, Штип 9…

Утрово времето во целата земја е променливо облачно со  умерен, на места засилен  северен ветер.

Денеска времето ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува  умерен  северен ветер. Попладне ветерот ќе ја намали брзината. Максималната дневна температура ќе се движи од -2 до 5 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top