Најниски темпераатури утрово се измерени во Маврово, -12 Целзиусови степени и Лазарополе и Крушево -9 степени. Минус 8 се измерени во Ѓуриште, -7 Пожаране, -6 Тополчани, -5 Берово и Крива. Паланка, -4 Дебар, Прилеп и Претор, -3 Битола, Куманово и Охрид, -2 Скопје Петровец, Штип, Виница, Д. Капија и Тетово, -1 Струмица, 0 Дојран, 1 Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 24 сантимери во Маврово, 16 сантиметри во Демир Капија, 15 сантиметри во Крива Паланка, 14 Берово, Битола 13, Штип 9…
Утрово времето во целата земја е променливо облачно со умерен, на места засилен северен ветер.
Денеска времето ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе ја намали брзината. Максималната дневна температура ќе се движи од -2 до 5 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.