| четврток, 6 декември 2018 |

Една жена и 11 девојчиња загинаа во пожар во Турција

Дванаесет лица, меѓу кои и 11 девојчиња на возраст од 10 со 14 години, загинаа при пожар што избувнал во ученички интернат во турската провинција Адана, објавија денеска турските медиуми.

Една од жртвите е жена, која работела во интернатот, а во огнената стихија се повредени уште 22 ученички.

133460589

Официјални претставници изјавија дека според првичните информации, причина за пожарот е дефект во електричната инсталација, а огнот брзо се проширил бидејќи внатрешноста на домот била од дрвен материјал.

Гувернерот на Адана, Махмур Демитрас истакна дека тој дом има вкупно 34 ученици, а некои од повредите се случиле додека девојчињата се обидувале да побегнат преку прозорците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top