Њујорк покажува заби во петтиот натпревар и со победа од 85-75 се враќа во игра и го намалува водство на Индијана од 3-2. Мело беше најдобар за Никс со 28 поени и 8 скока.
Се чини дека Индијана не е подготвена да стави крај на серијата во Њујорк. Тие играа без Џорџ Хила, дури и направја 19 грешки и без некоја поголема борба го загубија петтиот натпревар. Но, со резултат од 3-2 во победи, Њујорк Никс сѐ уште го чека тешка задача.
Кармело Ентони постигна 28 поени и за разлика од последниот период на четвртиот натпревар, сега беше одличен во клучните моменти. Во еден момент Пејсерс се спуштија на -4, но најдобриот стрелец во лигата погоди тежок шут, потоа реализираше две слободни фрлања и со тоа ја осигура победата на Никс.
Сан Антонио влезе во финалето. Тие го добија шестиот натпревар, го покажаа и искористија нивното огромно искуство за разлика од ривалот, а ова е деветти пат од последните десет ситуации кога Сан Антониот со 3-2 во победи да ја добијат битката.
Кари постигна 22 поени, но само две тројки од осум обиди. На другата страна најдобри беа Данкан со постигнати 19 поени и Леонард со 16 поени и 10 скока. Голден Стејт во последната четвртина играа без Барнс, кој по падот во втората половина од натпреварот осетил силна главоболка и мораше да оди во болница.
Резултати од одиграните натпревари:
Голден стејт – Сан Антонио 84:92 (2:4)
Њујорк – Индијана 85:75 (2:3)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.