По тажната вест која како бомба одекна во светот, за срушениот авион на фудбалерите на Бразил, при што загинаа 76 лица, се појави уште една информација која уште повеќе ќе ви ја заледи крвта во вените.
Имено, на овој ден пред точно 27 години, наркобосот Пабло Ескобар соборил авион на истото место каде синоќа падна авионот со фудбалерите. Ескобар авионот го соборил на 27 ноември 1989 година.
Во таа несреќа загинале 107 патници и членови на екипажот, а загинале и три лица кои се нашле на местото на трагедијата, откако ги погодиле делови од разлетаниот авион. Нарко-босот кој дневно во САД шверцувал кокаин вреден милиони долари, сметал дека во авионот ќе биде кандидатот за претседател, па затоа наредил да се сруши.
По игра на случајноста кандидатот не се нашол во авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Колумбијците гласаа за десницата, загрозен мировниот договор
-
Орајќи ја нивата наишол на изненадување: Откопал буре и се шокирал од содржината