Две лица се повредени од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Куманово -Крива Паланка, во близина на Куманово, соопшти денеска МВР.
Несреќата се случила во 16.30 часот, меѓу автобус и „мерцедес“. Двете возила, соопшти МВР, се движеле по регионалниот пат во насока на Крива Паланка. Автобусот, марка „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, кој бил управуван од 44-годишниот Н.Р од Охрид се движел зад „мерцедесот“, кој, пак, бил управуван од Г.С (1963), жител на општина Карбинци, со штипски регистарски ознаки, по што дошло до судир на возилата.
Сопатникот и возачот од „мерцедесот“ се повредени и со возило на итна медицинска помош се префрлени во кумановската општа болница, каде што лекарите констатирале телесни повреди кај возачот, додека кај сопатникот се регистрирани тешки телесни повреди. По пружената помош и двајцата се задржани за натамошно лекување во кумановската болница.
Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата по овластување на јавниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!