За британскиот принц Хари се пишува многу и постојано, но еве пет работи кои можеби сѐ уште не сте ги знаеле за него:
1. Принцезата Дијана го нарекувала „мојот малечок Спенсер“. Ова бидејќи црвените кадрици му биле наследени од нејзината семејна лоза. Принцезата Дијана умеела да рече дека Хари е непослушкото, како нејзе. Но, биографите тврдат дека со текот на растењето Вилијам бил попалав од Хари.
2. Принцот Хари помогнал во организацијата на кралската венчавка помеѓу брат му Вилијам и Кејт Мидлтон. За вечерната прослава, за која три простории од Бекингемската палата биле претворени во ноќен клуб, Хари договорил ди-џеј, направил плејлиста, во која биле вклучени и некои од омилените изведувачи на Вилијам.
3.Принцот Хари ги иницирал и предводел игрите Инвиктус, спортски настан за повредени, ранети или болни војници. Тој го смислил и називот, кој на латински означува „непобедени“. Хари бил инспириран од Воинствените игри, кои ги посетил во Колорадо Спрингс 2013 година, и бил среќен, како што изјавил, да ги украде од Американците како „прекрасен концепт“.
4. Принцот Хари не е обожавател на Твитер.
5. Но, имал профил на Фејсбук, под псевдонимот Спајк Уелс. „Не сум на социјалните медиуми, но сум бил“, изјавил Хари пред две години. По оваа изјава неговиот профил бил избришан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.