Синоќа кога СДСМ беше тука во Велес на митинг, освен тоа што исфрлиле грст навреди кажале и дека градот бил многу поубав затоа што вмровците не биле во Велес, туку на митинг во Скопје. Јас не се согласувам со тоа. Сите се синови и ќерки на Македонија. Не смееме да се делиме и да создаваме омраза.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.
-Немојте да го закрвувате народот, делиме иста судбина и исти проблеми. Зла крв не ни треба, им порача Груевски на СДСМ.
Две ипол години, додаде тој, Македонија е под заложништво на Заев, но веќе е време е да се ослободи.
-Добија се што бараа за да дојдеме до овие избори- министери, заменици, друг премиер, доминација во Државната изборна комисија, услов им беше и да го имале министерот за внатрешни работи, бараа СЈО, еве им една година имаат специјално јавно обвинителство, бараа еден куп други работи и мислеа дека нема да ги прифатиме за да можат Македонија вечно да ја држат во заложништво. Но, ние прифативме се, бидејќи ние веруваме во нашиот народ.
Сакаа, додаде тој, да не прикажат во најцрно светло.
-Слушавме по медиумите, какви пораки Заев испраќал до Мендух Тачи- дека некој го спрема и ќе го намести за премиер. Да му порачам на Заев дека за тоа кој ќе биде премиер во оваа држава бира народот. Таа работа се заслужува. 11 ипол години ја држи власта во Струмица, одете таму и прашајте што направил од сето тоа што го говори. Народот знае кои сме и добро не познава. Добро се сеќава дека во време на СДСМ не само што не се отвораа фабрики, туку и се затвораа.
Груевски истакна и дека покрај виткање на кичмата, Заев сака и двојазичност.
-Ние немаме ништо против Албанците, сакаме со нив да живееме во мир и слога, но ова што ни го прави некој преку Заев сака да ни ја растури слогата. Давање на такво ветување за целосна двојазичност, ќе ни направи нови фрустрации и поделби, а на Македонците и Албанците не им е потребно тоа. Потребни им се подобра економија, нови работни места, повисоки плати, пензии, субвениции, економски напредок, подобра животна средина. И на сите нас потребно ни е земјата да стане членка на НАТО и ЕУ, а не да се движи назад со деструкциите на Заев, подвлече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски