Полицаец од Велес со месеци успевал да добие секс од сограѓанка уценувајќи ја со компромитирачки фотографии за неа, за кои не е познато како ги набавил. На крајот, девојката го приајвила во МВР, по што е уапсен од неговите колеги.
Според МВР, полицаецот дошол до компромитирачки фотографии од велешанката, па за да ѝ ги врати, барал таа да има сексуални односи со него. Велешанката решила да не го пријави случајот в полиција и во март годинава ја прифатила неговата понуда. Откако имале сексуални односи, полицаецот ѝ вратил две фотографии.
Пред неколку дена полицаецот повторно ја уценил велешанката тврдејќи и дека има уште една фотографија. Но, овој пат девојката решила случајот да го пријави в полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.