Уште една сообраќајка во Охрид која најверојатно трагично заврши. Човек е прегазен на патот кон селото Лескоец во близина на бензиската на Макпетрол. Како што пред малку ни јави наш читател сообраќајката се случила пред петнаесеттина минути кога автомобил удрил во човекот покрај патот.
Инаку ова е втора сообраќајка во градот и се случува по само четири дена по сообраќајката што се случи на 24.11.2016 година во 17.40 часот во Охрид на ул. „Ристо Чадо“ . Тогаш настрада осумгодишно момче кога возило ,,Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (41) од Охрид удрило во осумгодишно момче од Охрид.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобило детето кое било пренесено во Општа болница Охрид. По извршениот преглед и по укажаната лекарска помош бил препратен на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо“ Охрид. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид.
Вчера кај струшкото село Мали Влај животот го загуби 38 годишен стружанец кој излета од патот движејќи се од Ќафасан кон Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.