СДСМ планира зголемување на даноците преку прогресивен данок со најниска стапка 10, а највисока 18 отсто. Ваквата промена во даночната политика, наспроти сегашното функционирање на рамниот данок, би значело пропаст за малите и средни компании, како и бркање од работа на многу вработени и затварање на многу бизниси и раст на сиромаштијата.
Имено наместо да отвараат нови работни места, компаниите ќе треба парите да ги дадат за зголемените даноци, согласно политиката на прогресивно оданочување, што ќе значи помалку пари во фирмата. Тоа природно со себе ќе повлече помалку инвестиции на терен и помалку работни места за граѓаните, што се на се ќе влијае лошо врз целата економија во државава.
Дека СДСМ играат на лоша карта тврдат и експертите. Според нив било која партија која ќе вети враќање на прогресивното оданочување ќе си ја пресече гранката на која што седи.
-Ако таа политичка партија сака да наметне прогресивен данок, тоа ќе значи казнување на самата себе. Тоа ќе оди тешко – убедени се економските познавачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.