Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе отвори нови 70.000 работни места. Инвестициите кои што ќе дојдат во Македонија ќе ја зголемат вработеноста во државата, истакна носителот на ИЕ 6, Владимир Ѓорчев од Гостивар.
Сето тоа, додаде, ќе доведе и до зголемување на платите, односно како што се намалува невработеноста толку повеќе расте цената на трудот и работната сила.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 101 милиони евра евтини кредити со фиксна камата од 5,5 отсто и рок на отплата до 8 години како и инвестиции кои што ќе значат раздвижување на локалните економии. За инвестициите за обртни средства ќе има дополнителни 3 години кои што ќе бидат дел од пакетот за помош на стопанството. До сега под вакви услови во Македонија се отворени 7.000 работни места во локалните компании – рече Ѓорчев.
Појасни и дека се завршува еден многу значаен, веќе отпочнат проект за Гостивар.
-Проектот за изградба на 70 станови за социјално ранливи категории, веќе има карабина, објектот се гради и за 1,5 година тие станови во близина на Болницата во Гостивар ќе бидат готови, додаде Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.