| четврток, 6 декември 2018 |

Од вечер на полноќ ќе возиме со поскап бензин и дизел гориво

ben

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата. Согласно одлуката бензините поскапуваат за 2, а дизелот за 1,5 денар од полноќ.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,914 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,861ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top