Шестото издание на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week) заврши во неделата навечер со доделување на наградите за дизајн. Наградите, кои првпат се доделуваат беа поделени во три категории, и тоа: најдобар студенски производ/прототип, најдобар млад бренд во подем и награда за најдобра презентација на компанија.
Данијела Савиќ, студент на Факултет за арт и дизајн, Европски Универзитет ја освои награда за најдобар студентски дизајн – дизајн на прототип. Награда за најдобар млад бренд – бренд во подем доби „ФОРМИ”, а награда за најдобра презентација на компанија учесник на СДВ освои компанијата „Секјуриком“.
Четиричленото жири составено од Зоран Једрејчиќ, Александар Велиновски, Нина Бачун и Маја Колар ги одбра добитниците на наградите за дизајн за 2016 година.
Победниците порачуваат дека македонскиот дизајн со сигурност движи во нагорна линија и дека фестивалот СДВ ја исполнува својата задача на артикулатор и стимулатор на дизајн-сцената во земјата и регионот.
– Наградите се официјално признание за вложениот труд, енергија и голема мудрост во своите производи и презентации. Компаниите и поединците кои се наградени оваа година се вистински пример за деловниот и дизајн-секторот, за тоа што е дизајн и како истиот се презентира пред пошироката јавност – изјави Зоран Једрејчиќ.
Шестото издание на Неделата на дизајн во Скопје со доделувањето на наградите е официјално затворено. Ќе биде запаметено по досега најдобрите презентации, најсилната изложба на Земја во фокус (оваа година Австрија), добро таргетирани предавања, работилници за професионалци, и незаборавната музичка програма. Пораката на организаторите е дека до следното издание, кое ќе се одржи на 21 до 25 ноември 2017 година, ќе следат организирани презентации на македонскиот дизајн во 7 европски метрополи, серија работилници за дизајн на производ и дизајн на храна и ред изложби на млади дизајнери и компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија