Повеќе од 1.200 матуранти по седми пат, денеска на градскиот плоштад „Македонија“ ќе го заиграат танцот квадрил во рамки на „Матурската парада 2013“. Новината е што годинава матурантите ќе играат салса и англиски валцер. Покрај скопските матуранти од 19 училишта, ќе танцуваат и матурантите од Куманово, Струмица, Гевгелија, Охрид и од Струга.
Организатори на манифестацијaта се Дирекцијата за култура и уметност – Скопје и танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје. Покровители се Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, а поддржувач е Делегацијата на ЕУ во Македонија. Медиумски покровител и партнер е Радио Скопје, кое ќе го преземе радиосигналот од Словенија. Медиумски партнер е и Радио МОФ, кое ќе врши видеопренос од „Матурската парада“ на интернет.
Предвидено е „Матурската парада“ да ја отворат скопскиот градоначалник Коце Трајановски, евроамбасадорот Аиво Орав и претставник од Агенцијата за млади и спорт.
Собирањето и подготовките со матурантите денеска ќе почне во 9 часот. Официјалниот дел на програмата е во 11.30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Пред 11 часот матурантите ќе имаат дефиле низ центарот на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)
-
Матурантите ќе танцуваат квадрил на пладне на плоштад „Македонија“
-
Матурската парада ќе се одржи в петок на пладне на плоштадот “Македонија”
-
Не си фраер ако загинеш на матура – РСБСП апелира матурантите да не управуваат моторно возило за време на прославите