| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентина ја освои „салатарата“, во одлучувачкиот меч Делбонис го прегази Карловиќ

delbonis

Аргентина е победник во годинашниот Дејвис Куп откако во финалето кое се играше во загрепската Арена славеше со 3-2 во мечеви против домаќинот Хрватска.

Во последниот одлучувачки меч, Федерико Делбонис славеше против Иво Карловиќ, убедливо во три сета со 6-3,6-4,6-2, што значеше знак за големо славје на трибините на Диего Марадона и неговите сонародници.

maradona

Од самиот почеток на мечот се виде дека Карловиќ нема да може успешно да парира на Делбонис кој понесен од феноменалната поддршка од бројните Аргентинци во Загреб присутни во Арената, лесно чекореше низ победничкиот ритам. Карловиќ успеа да освои само девет гема, на крајот за убедлив пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top