| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмените, претприемачите, приватниот сектор се нашиот клучен партнер во намалувањето на невработеноста

За бизнисмените, претприемачите, приватниот сектор создадовме бизнис клима, која Светската банка ја рангира како 5најдобра во цела Европа, и 10 најдобра во светот. Македонија стана земја со најниска ефективна даночна стапка на светот.

Со проектот регулаторна гилотина ја намаливме бирократијата на минимум. Работиме за вас, бидејќи ве гледаме како клучен партнер во намалувањето на невработеноста, што е наш приоритет. За оние кои сакаат да направат нови инвестиции во следниот период, преку проектите „Рурални развојни зони“, „Пестартирање на компаниите-жртви на транзицијата“ и „Истражувачки развојни центри“ нудиме неповторлива можност за инвестиција со најмали можни трошоци и голема финансиска поддршка од државата, порача Груевски од централниот митинг на Коалицијата за подобра Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top