| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ најефикасен, Фенербахче растура во Турција

pero-antic

Фенербахче ја забележа и седмата победа во низа во турскиот шампионат, триумфирајќи на домашен теерн против Баликесир со 91-57. Актуелниот шампион не дозволува настапите во Евролигата да влијаат врз формата во домашното првенство, па Антиќ и соиграчите одиграа уште еден одличен меч, демонстрирајќи ја својата моќ врз еден од најслабите турски прволигаши.

Фенер доминираше во текот на целата средба, а домаќините стигнаа до убедлив триумф пред се благодарение на извонредната трета четвртина што ја добија со 26-7. Со оваа победа, Фенербахче е првопласиран на табелата по осум одиграни кола во турското првенство, со скор од седум победи и еден пораз.

Перо Антиќ беше најдобар поединец во својот тим постигнувајќи 15 поени, надоплнети со четири скока. По 13 поени постигнаа Дувероглу и Диксон, како загревање за следниот натпревар од Евролигата против Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top