| четврток, 6 декември 2018 |

Втор круг од изборите во француската десница

Француските избирачи излегуваат во неделата на предизборите на француската десница, чиј победник се смета и за најверојатен победник на претседателските избори пролетта 2017 година, а во овој завршен круг за фаворите се смета поранешниот премиер Франсоа Фијон, кој заговара „радикална“ програма за Франција.

На предизборите може да учествуваат сите Французи со право на гласа кои ќе уплатата две евра и ќе потпишат изјава со која потврдуваат дека ги споделуваат републиканските вредности на десницата и на десниот центар. Меѓутоа, минатата недела беше забележано дека и многу приврзаници на социјалистите и на крајната десница гласале, сакајќи да влијаат на изборот на послаб кандидат на конзервативците на претседателските избори.

Во првиот круг убедливо победи Франсоа Фијон, пред исто така поранешниот премиер Ален Жипе. Трет беше поранешниот претседател Николас Саркози, кој признавајќи го поразот и повика своите поддржувачи да гласаат за Фијон.

Шеесет и двегодишниот Франсоа Фијон, католик и татко на пет деца, се залага за непопустливост со радикалните економски програми и за поконзервативни мерки кога станува збор за општествените прашања. За разлика од него 71-годишниот ален Жипе има поумерени ставови и сака да ги обедини Французите.

Бидејќи француската левица е во распад и се разединува, кандидатот кој ќе ги претставува конзервативците има голем шанси за победа и на претседателските избори коишто ќе се одржат за помалку од шест месеци. Бидејќи единствена сериозна противкандидатка ќе му биде претседателката на партијата од крајната десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, но вообичаено социјалистите во такви случаи ги предаваат своите гласови на конзервативците. Така се случи на последните регионални избори, кога по првиот круг во повеќето од половината локални совети и за градоначалници водеа кандидатите на Лепен.

Победникот на изборите меѓу конзервативците ќе има оттаму голема шанса, бидејќи владејачките социјалисти имаат историска непопуларност што предизвика раздор на левицата.

Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори на 8-ми ноември може да предизвика тектонски пореметувања и во Европа. Многу крајно десни политичари, и особено оние понаклонетите за потесна соработка со Русија, во неговата победа ја гледаа својата шанса за успех на изборите во своите земји. Кон крајот на април во Франција ќе се одржат претседателските избори и, судејќи според се, имајќи ги неодамнешните изјави на Фијон кој е голем фаворит, прва ќе го покаже ефектот од победата на Трамп врз констелацијата на политичките односи на европскиот континент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top