Во Кичево ќе го доизградиме и пуштиме во употреба автопатот Кичево – Охрид во првата половина на 2018 година, во должина од 57 километри, инвестиција вредна 370 милиони евра. Најдолгиот тунел во Македонија во должина од 2 километри ќе се изгради токму на оваа траса, најави пред кичевци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица.
-Ветуваме изградба и на нов автопат Кичево – Гостивар, во должина од 42 километри. За реализација на истиот ќе се инвестираат 350 милиони евра. Меѓувремено, ќе го реконструираме магистралниот пат Кичево – Гостивар, затоа што додека се изгради новиот луѓето треба да се движат по безбеден пат. Сегашниот пат Кичево – Гостивар целосно ќе се реконструира, а паралелно ќе се гради нов автопат и ќе ги обновиме сите 5 мостови на оваа делница што сега е меѓу Гостивар и Кичево во должина од 28 километри, инвестиција вредна 8,6 милиони евра, за обнова на мостовите и за реконструкција на сегашниот пат Гостивар – Кичево.
Да нема забуни, додаде Груевски, истовремно реконструкција на сегашниот пат Кичево – Гостивар, тоа е сега брзо ќе почне и паралелно подготовки и почеток на градба на автопат Гостивар – Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски