Го слушам деновиве нашиот политички опонент Зоран Заев, вика дека богатството во државава било само кај 1 процент од населението, а тој самиот кажа дека неговото семејство имале 6- 7 милиони евра, како да е тоа 6- 7 денари, за него еден милион евра е ситна работа, истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, на вечерашниот митинг во Македонски Брод.
-Истовремено кажува дека сега тој ако станел премиер ќе ги префрлал парите од богатите на сиромашните. Ај што има 6- 7 милиони евра, него излегоа работи дека нивните фирми на кланот Заеви свртеа 200 милиони евра во овој период- бизнис, па претпоставувам ако сакаше тоа да го прави ќе почнеше и до сега од неговото богатство да дава малку на сиромашните, ама такво нешто ни сме виделе, ни сме чуле, нити ќе видиме, нити ќе чуеме.
Второ, додаде Груевски, многу важно слушам како вчера во Кочани, државата во која сите живееме и треба да си ја почитуваме, и каде имаме семејства, тој ја нарекува дијазепам, хелекс држава, а претходно кажа дека е грдо лицето на Македонецот, па пред тоа кажа дека државата треба да е со свиткана кичма за да го реши спорот за името што е суштински важен за опстојување на државата.
-И не можам да не ги искоментирам овие навреди кои се одлика на еден крајно нестабилен карактер. Ниту Македонецот е грд, ниту државата во која живееме е дијазепам, туку ова е горда држава во која генерации Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, живееле и живеат еден покрај друг. Потценувањето на сопствената држава и на народот многу повеќе говори за неговиот карактер. Овде живее горд народ и оваа е држава на сите нас. На оваа земја и е потребен развој, а не прекројувања, десеткувања, рекомпонирања. И не му е сега мајката да се растури државата, туку сега му е мајката да се исфрли од политичката сцена овој измамник и да продолжиме да градиме економски моќна држава, како што тоа веќе го започнавме, потенцираше Груевски.
Одговорот на народот, рече тој, допрва следува. -Тој крик на народот кој се прати што се случува и многу добро проценува, ќе стави крај на неговата политичка кариера, колку и да се лупа во гради и да мавта со разно разни планови, договори, прекројувања, тоа нема да го спаси од вољата на народот. Го делат две недели од крикот на народот што ќе го снајде, од одлучното излегување на народот и гласање против политиките на СДСМ и за политиките ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски