| четврток, 6 декември 2018 |

Од поплавите нема да остане трага: Гази Баба ќе добие 32 км патна инфраструктура и 4 градинки

Носителот на листата во ИЕ2, Никола Тодоров при денешната посета на општина Гази Баба, најави изградба на 4 нови градинки, изградба и реконструкција на неколку училишта, како и изградба и реконструкција на 32 километри патна инфраструктра.

-Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ предвидуваме во наредниот четиригодишен период во Гази Баба да се инвестира во улици во должина од 32 километри, тоа е во рамки на проектот кој што е предвиден во програмата за инвестиција во патна инфраструктура во вредност околу 30 милиони евра. Значи, од 30 милиони евра кои што се предвидени за патна инфраструктура, се предвидува изградба односно реконструкција на улици во општината Гази Баба во должина од 32 километри со посебен фокус на улиците и патиштата кои што беа уништени со поплавите, изјави носителот на листата од ИЕ2, Никола Тодоров.

stajkovci-dron

Тодоров додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата За подобра Македонија“ е предвидена и изградба на 4 нови градинки и две училишта.

-Исто така за во Гази Баба се предвидени и изградба на 4 градинки, од тие четири градинки една е предвидена за Стајковци, една е предвидена за Трубарево, една предвидуваме за Инџиково, а локацијата на четвртата ќе биде во општина Гази Баба која што ќе биде утврдена дополнително со градоначалникот. Исто така сакам да објавиме дека во програмата предвидуваме изградба на училиштето “Вера Јициќ“, изградба со средства од страна на Владата на Република Македонија, како и изградба на училиштето “Крсте Петков Мисирков’, а се предвидува и реконструкција на поголем број на училишта во општината Гази Баба, додаде Тодоров при денешната посета во општина Гази Баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top