| четврток, 6 декември 2018 |

За подобрување на климата во Скопје: Над милион садници и електрични возила

Имаме предвидено субвенции за електрични возила, ќе воведеме 50 електрични автобуси во Скопје, доплнително на тоа ќе направиме субвенции за користење на системи за греење со пелети - рече Попоски

Во Скопје за во следниот период се предвидени над милон садници, како и набавка на електрични возила, електрични автобуси и други субвенции се со цел намалување на загаденоста на воздухот во град Скопје, изјави кандидатот за пратеник и носител на листата во ИЕ1, Никола Попоски.

-Во следниот период во Скопје предвидуваме над милон садници низ целата територија на градот. Имаме предвидено субвенции за електрични возила, ќе воведеме 50 електрични автобуси во Скопје, доплнително на тоа ќе направиме субвенции за користење на системи за греење со пелети – рече Попоски.

Попоски додаде дека со ваквите чекори постепено треба да се подобри атмосферата и климата во градот.

-Сето ова треба постепено да ја подобрува атмосферата и климата во град Скопје. Ние не се занимаваме со раскажување приказни, како некои кој никогаш не решиле ниту еден проблем, а знаат за се да кажат што чини што не чини. Треба да сме реални, тоа што можеме тоа да го направиме и сигурен сум дека во вистинска насока ќе одат работите, додаде Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top