| четврток, 6 декември 2018 |

Ули Хенес повторно е прв човек на Баерн Минхен

uli-henes-1

Легендата на Баерн Минхен, Ули Хенес, се врати на претседателската функција во клубот. По отслужувањето на затворската казна поради финансиски малверзации, тој повторно се врати во клубот, а вчера на Генералното собрание на клубот беше повторно именуван за претседател. Тој ја доби довербата на 7.152 делегати.

– Светот ми е сведок дека имам две семејства. Моите најблиски и Баерн Минхен. Среќен сум што повторно ќе бидам на чело на клубот и се надевам дека ќе ја оправдам довербата, работејќи напорно со останатите соработници. Имаме многу нови мисии и желба повторно да бидеме најдобри во Европа – изјави Ули Хенес.

Повторно добредојде му посака и Карл – Хајнц Румениге.

– Ти посакувам убаво, успешно и емотивно враќање во твојата претседателска канцеларија. Ти секогаш беше и си еден од нас, во Баерн Минхен – истакна Румениге.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top