| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите од(г)овараат: Што ја прави жената луда?

На социјалната мрежа „Редит“ се отвори тема на која мажите одговараат што според нив ја прави една жена „луда“, од нивно искуство.

luda-zena-657x360-326x245

1. Кога поседува повеќе од три мачки.
2. Ако нема ниту една другарка, луда е.
3. Кога е екстремно љубоморна.
4. Ако поставува ултиматуми за секоја ситница (или ќе излеземе вечер или ќе ти раскинам!).
5. Кога ти се лути бидејќи сонувала како ја изневеруваш.
6. Ако ти ги побара лозинките од профилите на социјалните мрежи.
7. Ако очекува да ја изневериш само затоа што си машко.
8. Ако е премногу емоционална и плаче за буквално ништо.
9. Ако гледа реални шоуа, луда е.
10. Кога ќе ти се налути поради нејзина параноидна фантазија, што нема никаква допирна точка со реалноста, ниту со некоја твоја постапка.
11. Ако се нарекува себеси „луда” или „кучка”.
12. Ако е екстремно несигурна во себе и со тоа ти го згорчува секојдневието.
13. Ако сите нејзините поранешни партнери ги нарекува „луди” или „сељаци”, најверојатно она е лудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top