Фидел Кастро, поранешниот претседател на Куба кој почина синоќа последен пат во јавност се појави во април годинава, на затворањето на конгресот на Комунистичката партија.
Фидел бил дочекан со акламација пред илјада делегати присутни на конгресот на кој не биле повикани странски медиуми, јави државната агенција „АЦН“.
Во краткиот говор Кастро изјавил дека наскоро ќе умре и ги повикал сите членови на партијата да помогнат неговите идеи да опстанат. На некој начин тој ја најавил својата смрт.
– Наскоро ќе наполнам 90 години и ќе завршам како и сите други. Времето ќе не стигне, но идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на онаа планета. Но, ако е работи со жар и со достоинство, може да се произведат материјални и културни добра кои се потребни на луѓето. Потребно е без прекин да се бориме тоа да го оствариме. На своите пријатели во Латинска Америка и во светот треба да им кажеме дека кубанскиот народ ќе победи – изјави Кастро во говорот.
Во конференциската сала во Хавана делегатите се кренале на нозе и викале„Фидел, Фидел“, штом се појавил на подиумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шести март е Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот
-
Оскар 2018: Говорот на Френсис Мекдорманд кој ги натера да станат сите жени во салата (видео)
-
Која е жената на која Кастро и бил најголемата љубов, но набрзо стигнала наредба: Убиј го!
-
Се самоуби најстариот син на Фидел Кастро