Во своето обраќање од митингот во Гевгелија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави низа мерки предвивдени во новата програма „Реално“ кои предвидуваат цели 80 проценти покривање на трошоците за инсталирање на системот капка по капка и купување на високо приносе добиток за сточарите.
– Во новата програма предвиден е пректот капка по капка, со кој за прв пат во Македонија секој земјоделец ќе добие 80 отсто покривање на трошоците обезбедено од државата за системот и опремата како и за бунарите. Ситемот капка по капка е добро познат и рапространет по целиот свет и го удвојува приносот, некаде и го утростручува, па затоа не случајно го предвидуваме ова. Тоа ке значи и спас за земјоделците и кога е мала цената. Исто така предвидено е покривање на поголемиот дел од трошоците за набавување на високо приносен добиток за оние кои се занимаваат со сточарство. Владата ке обезбеди и ќе покрие 80 отсто од трошоците ако сточарот се реши да го замени својот и да набави високо приносен добиток. Такви има многу раси на крави, овци, кози со кои многу повеќе се заработува, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии