| четврток, 6 декември 2018 |

Ветер во грб за земјоделците: 80 отсто субвенции за инсталирање капка по капка и купување високо приносен добиток

ngruevski

Во своето обраќање од митингот во Гевгелија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави низа мерки предвивдени во новата програма „Реално“ кои предвидуваат цели 80 проценти покривање на трошоците за инсталирање на системот капка по капка и купување на високо приносе добиток за сточарите.

– Во новата програма предвиден е пректот капка по капка, со кој за прв пат во Македонија секој земјоделец ќе добие 80 отсто покривање на трошоците обезбедено од државата за системот и опремата како и за бунарите. Ситемот капка по капка е добро познат и рапространет по целиот свет и го удвојува приносот, некаде и го утростручува, па затоа не случајно го предвидуваме ова. Тоа ке значи и спас за земјоделците и кога е мала цената. Исто така предвидено е покривање на поголемиот дел од трошоците за набавување на високо приносен добиток за оние кои се занимаваат со сточарство. Владата ке обезбеди и ќе покрие 80 отсто  од трошоците ако сточарот се реши да го замени својот и да набави високо приносен добиток. Такви има многу раси на крави, овци, кози со кои многу повеќе се заработува, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top