-Кога ве гледам во толкав број и ги слушам реакциите на народот што тој мисли и кажува, тогаш знам дека вредеше секоја минута помината во борба против деструкцијата и уривањето на вредносниот систем. И покрај сите лични навреди протести демонстрации ние останавме со ладни глава. Да вредеше покрај се што се обидуваа да направат и сите манипулирања народот остана со нас, со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што народот е мудар знае да расудува и препознава – порача од Валандово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски.
-Сега е полесно, сликата е јасна, причините за најтешката политичка криза која ја зафати Македонија, за тоа зошто Зоран Заев прифатил ваква улога и веќе јасно се оцртуваа и тоа не се маалски муабет, туку е една опасна и штетна идеја на Заев за рекомпонирање на државата. Идејата веќе има пишан траг, тој идејата за зголемена надлежност на општините и рекомпонирање ја напиша и во памфлетот. Има пишан документ и кажа дека тие во државата мора да имаат поголема самостојност, предвиде и редефинирање на културата која за него била етноцентрична. Добро избрани збори за да ги замајат луѓето, но приказната е една тие се исти со намерите за кантонизација – рече Груевски.
Прилично е возбуден како да е некое ново откритие, продолжи Груевски и додаде: не знам дали така го лажеле менторите или навистина верува дека кантонизацијата и двојазичноста би бил одржлив концепт.
-Јас ќе се присетам на мој познаник со босанско потекло кој ми рече дека ние имаме во Босна кантонизација, кога ја воведувавме не лажеа дека ќе живееме со златни лажици, но сега живееме во беда. Тоа им донесе глад а им донесе немири затоа што континуирано има намери за одделување на некои кантони. Тоа нам не ние потребно. Ние имаме суверена унитарна држава Македонија која оди напред и економски закрепнува, со влада која се грижи за народот и прави се за да се подобри жив стандард – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски