| четврток, 6 декември 2018 |

Кубин го загуби златниот медал во последната секунда од финалето на Европското првенство

kik-boks-4

Милан Кубин дојде до сребрениот медал на Европското првенство во кикбокс што се одржува во Лутраки, Грција.

Македонскиот репрезентативец во денешното финале во неизвесна борба до самиот финиш загуби од рускиот претставник Александар Бобров во дисциплината киклајт до 89 килограми.
Во изедначена борба во сите три рунди златниот медал на Кубин му избега буквално во последната секунда кога рускиот репрезентативец го оствари победничкиот поен за конечни 2-1 и радост во рускиот табор.

kik-boks-2

Македонија може да жали што не успеа да дојде до ново златно одличје, но и покрај тоа оваа огромен успех за нашиот национален тим затоа што во досегашниот настап на шампионат Македонија освои вкупно четири медали, од кои два сребрени и два бронзени.

Претходно Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски дојдоа до бронзено одличје, а пак сребрените медали завршија на градите на Марија Божиноска и Милан Кубин.
Претседателот и селектор на националниот тим Дејан Митровски, изјави дека е презадоволен од оставрениот успех.

kik-boks-1

– Како претседател и селектор сум задоволен од постигантото. Можеше и подобро, но и ова  еголем успех за нашиот спорт и нашиот национален тим. Задоволен сум од настапите и од подготвеноста на натпреварувачите. Ова е добра уверита за следните настапи и натпреварувања кои следуваат за овие извонредни спортисти и пред сѐ одлични личности – рече првиот човек на Федерацијата.

Нашиот тим на ЕП во Лутраки, Грција го претставуваа претседател и селектор на тимот Дејан Митровски, генерален секретар и тренер Драган Атанасовски, технички координатор Розана Матева, како и репрезентативците Милан Кубин, Димитар Ѓорѓиев, Ненад Манојловски и Јетмир Емрули во машка конкуренција, како и Стефани Тодорва и Марија Божиноска во женска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top