| четврток, 6 декември 2018 |

За викендот релативно топло со дожд

За време на викендот времето ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалуваат. Од утре попладне од запад се очекуваат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од земјава и ќе продолжат и во недела претпладне.

Од понеделник, под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе има дожд проследен со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник се очекува многу студено и ветровито време со провејување снег и на пониските делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top