Според изворите на порталот „Дебк“ од Вашингтон, советникот за национална безбедност на Трамп, генерал потполковник Мајкл Флин има „тајни блиски контакти со шефот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, како и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, но и со јорданскиот крал Абдула“.
На сајтот тврдат дека групата се занимава со тајни разговори и се подготвува за комбинирани напади на бастионите на ИСИС во Ирак и Сирија, кратко откако Трамп ќе положи заклетва како претседател во јануари 2017. година.
-Нивниот план за работа исто така би ја вклучил и редовната војска на Турција, на Јордан, Ирак и борците од Персискиот залив- пишува порталот. Изворот тврди дека постои уште едно навестување за потенцијална соработка од самиот претседател на Сирија, Башар ал Асад.
Тој неодамна во интервју за португалско радио изјавил: „Доколку Трамп се бори против терористите, јасно е дека ќе биде природен сојузник, заедно со Русите, Ирачаните и многу други народи кои сакаат да ги поразат терористите“.
-Иако сме во прелиминарна фаза, преговорите го произведоа првиот опиплив резултат: воената претходница на ОН пристигна на сириската страна на Голан. Тие ќе заземат позиција во поранешната база Фавар, на 4 километри источно од Кунеитра, кој е евакуиран во сириските борби. Главниот дел на силите, околу 1.000 војници на ОН и 70 набљудувачи наскоро би требало да преземат задача за повторно демилитаризирање на зоната која ги раздвојува Сирија и Израел според договорот за примирје од 1974. година- вели изворот.
Wall Street Journal исто така известил во средата дека Доналд Трамп Џуниор, најстариот син на претседателот, имал приватни разговори со дипломати, бизнисмени и политичари во Париз минатиот месец, а главна тема била да се најде начин за соработка со Русија и да се стави крај на војнаа во Сирија.
Тој се сретнал и со Ранда Касис, која го води сириското Движење на плуралистичкото општество.
-Опозицијата доби надеж дека политичкиот процес ќе тргне напред, а Русија и САД ќе постигнат договор по прашањето за сириската криза, поради победата на Трамп- рекла Касис за Sputnik по изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.