Зоран Заев, конечно, расчисти со сите Македонци и со сè што е македонско. Нема веќе тајни, нема недоумици. По речиси две години, лидерот на опозицијата ги отвори картите и јасно покажа која беше целта на неговите „бомби“. „Борбата против режимот“, всушност, било „борба за правата на Албанците“, со крајна цел – редефинирање на државата. Сето друго било само параван зад кој требало да се скрие ова антимакедонско сценарио.
Да бидеме на чисто, Зоран Заев не само што ги предаде Македонците, туку ги предаде и партијата, коалициските партнери, соборците од шарената револуција, обичните граѓани… сите тие што искрено поверуваа дека води битка за позитивни промени и реформи, кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, а не за промени на Уставот и за проширување на Охридскиот рамковен договор. Во овој случај, не би сакал да коментирам за наивноста на тие што му верувале досега, туку би сакал да ја нагласам опасноста што произлезе од поддршката што толку наивно му ја дадоа и сè уште му ја даваат на овој човек.
Зоран Заев по изборите во 2014 година јавно кажа дека не му прилегало да биде патриот. Тогаш опозицијата го поздрави неговиот гест обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека постојано подгрева етнички тензии за да се одржи на власт и дека лажно ги брани националните интереси.
Денес Зоран Заев јасно и гласно од Берн вети целосна двојазичност, бинационална Македонија, промена на Уставот, нов рамковен договор… На дело покажа дека, навистина, не му прилегало да биде патриот, туку велепредавник. Неговиот избор е негово право, но што е со другите, кои во овие две години застанаа зад него? Кој е нивниот став за ова прашање? Зошто молчат?
Да го обвиниш македонскиот народ дека е виновен за сите проблеми со соседите не си дозволил ни најголемиот душман на Македонците. Како тогаш овие луѓе во СДСМ по заминувањето на Заев ќе ги погледнат в очи Македонците и ќе побараат прошка од нив? Како повторно ќе ја побараат нивната доверба и глас!?
Да расчистиме, можам да разберам човек што е со една нога в затвор за серија тешки кривични дела да прави сѐ што е во негова моќ за да се спаси и притоа да предизвика штета на сѐ што го опкружува. Но, во никој случај не можам да го разберам или да го оправдам молкот на неговите сопартијци и на коалициските партнери за овие прашања.
Впрочем, нивниот јасно изразен став за ова прашање е многу важен при решавањето на гласачите за кого да го дадат својот глас. Многу е важно народот да знае кој сѐ во СДСМ, но и во другите партии што учествуваат на изборите, поддржуваат менување на Уставот и редефинирање на државата? Дали има уште некоја друга будала што смета дека е потребно да се воведе двојазичност на целата територија на државата? Гласачите имаат право да знаат дали партиското раководство во СДСМ стои зад ова што го зборува Заев или човекот зборува во свое лично име? Сега е вистинско време да видиме колку црпнати има во членството на СДСМ, колку меѓу коалициските партнери, а колку меѓу Соросовите платеници и шарените револуционери?
Сите спомнати ги прашувам отворено дали кога седевте во шаторите пред влада баравте редефинирање или реформирање на Македонија? Дали ги уништувавте спомениците од македонската историја затоа што ви беа грди или затоа што ве потсетуваа на грдото лице на Македонецот? Знамињата на голема Албанија на наводните граѓански протести ги веевте за да покажете како Заев планира да гради соживот или како ќе изгледа Македонија кога „црпнатиот“ ќе ја растури државата? Дали ве тераа да ги колнете полицајците и да им посакувате повторно да им се случи Куманово затоа што ве спречуваа да вршите насилство или затоа што ги елиминираа терористите што требаше да го поддржат сценариото на Заев за федерализација на Македонија? Дали јасното и гласно „не за двојазичност“, „не за нов рамковен договор“ и „не за редефинирање на Македонија“ од ВМРО-ДПМНЕ е правилен став во одбрана на националните интереси или сè уште сметате дека тоа е „дување национализам“?
Конечно, не ли ви е срам да застанете на иста страна, зад човек што е подготвен да го продаде својот народ за власт? Немојте да се правдате дека гласот за човекот што тргува со националните интереси е глас против ВМРО-ДПМНЕ. Не! Имате уште еден куп опозициски партии на избирачкото ливче, кои се противници на партијата на власт, но не ни помислуваат да чепкаат во Уставот, да поддржуваат нов рамковен договор за повеќе права за Албанците, да се залагаат за двојазичност и за федерализација, да го обвинат сопствениот народ дека е виновен за сите спорови што ги има Македонија со соседите! Овој одговор, едноставно, нема да ви помине!
Немојте ниту да се правдате дека не сте го сфатиле Заев сериозно кога ветува двојазичност и дека сите Македонци ќе учат албански јазик. Не! За да ја сфатите сериозноста на ситуацијата доволно е само да се потсетите кој е виновен што денес Република Македонија се ја именуваат како ФИРОМ, кој и зошто го смени знамето, како стигнавме до Охридскиот рамковен договор, кои се последиците од територијалната поделба, што требаше да се случи во Диво Насеље…
Немојте да го оправдувате дадениот глас за велепредавникот со образложение дека тој никогаш не кажал такво нешто и дека провладините медиуми го ваделе од контекст. Не! Не треба никој да ве убедува во тезите на велепредавникот. Доволно е да сами да чуете што им ветува на Албанците за власт. Ако и тогаш не ви е доволно јасен, слободно побарајте да ви дообјасни.
Впрочем, сигурно не верувате во космополитизмот на Заев, односно во неговата желба „детето Албанче да учело музика на мајчин јазик“. Ако, навистина, толку наивно верувате во тоа што ви го сервира предавникот, објаснете си самите зошто не се загрижи за децата Турци, Срби, Власи, Роми, Египќани…? Зошто едно дете Албанче во Струмица би имало повеќе привилегии од 100 деца Турчиња, Србинчиња, Власчиња, Ромчиња,Египќанчиња во средината во која живеат (а не се 20 проценти)? Зошто македонските деца би учеле албански, а не би учеле турски, српски, влашки, ромски, па дури и египетски…? Можеби сметате дека нема потреба да комуницираат со нив или, пак, за нив не е проблем да го совладаат македонскиот јазик?
Едноставно, нема никаков изговор за да го заокружите предавникот Зоран Заев и да ги одржувате во живот неговите опасни игри, кои можат да доведат до граѓанска војна во која повторно би гинеле македонски синови. Тогаш, никој и за никаква цена нема да може да ви ја смири совеста до крајот на животот. Вие ќе бидете сојузникот на Заев во разнебитувањето на државата, а сето тоа еден ден ќе треба да им го објасните на вашите поколенија.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?