Јас сум Македонец, сакам да им порачам на сите Албанци, секој Албанец кој својата иднина ја планира во оваа држава со овие граници, во унитарна Македонија, ме има за сојузник и мене и ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција со нас, рече на митингот во скопски Карпош лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Ние се грижиме за сите подеднакво, градиме водоводи и во македонските средини, градиме водоводи и во албанските средини, градиме канализациони системи во и македонските и во албанските, градиме во турските, градиме во ромските средини. Градиме патишта насекаде. Нека не ги залажува Заев луѓето, самиот не е свесен што споредува и во каква каша ќе ја донесе Македонија. Сакаме оваа земја да остане цела, заеднички да останеме , заеднички да живееме и заеднички да станеме членки на НАТО и ЕУ, тоа е нашата цел, да ја зајакнеме економијата, да ја намалиме неврабоптеноста, да одиме напред заеднички сите, а не да бидеме полтрони на нечии сценарија, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер