Весна Сталевска-Николиќ, поранешна сопственичка на градежната компанија „Фиком“, која издржува повеќегодишна затворска казна, веќе трет ден одбива да прима храна, а во исто време одбива да прима и хемотерапија.
Сталевска, која за скандалот со препродажба на станови беше осудена на 12 години затвор, но сега, по издржана казна од 10,2 години, писмено се обрати до министерот за правда Валдет Џафери и до Управата за издржување санкции со укажување дека ѝ е ускратено правото на скратување на казната и покрај тоа што има крајно нарушено здравје.
Сталевска бара од Министерството да преземе одредени чекори кои се во насока на нејзино предвремено ослободување од натамошно издржување на казната, притоа потсетувајќи дека ѝ е итно потребна ресоцијализација како би можела да се грижи за своите четири деца, но и да може непречено да се лекува. Таа го информира министерот дека како осуденичка има примерно поведение и поради тоа била префрлена во Отвореното одделение на Казнено-поправната установа „Идризово“.
Сталевска, освен што најавува штрајк со глад, го потсетува министерот Џафери и Управата за издржување санкции дека од нејзиното здравје зависи и судбината на нејзините деца, бидејќи Никола Николиќ почина под сомнителни околности во штипскиот затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.