Во организација на Управата за јавни приходи во Скопје се одржува тридневна работилница на тема „Воспоставување на ИТ форензичка лабораторија за даночни цели“.
Работилницата, која се одржува од 23-ти до 25-и овој месец се организира во соработка со Интра-европската организација на даночните администрации (ИОТА), во рамки на Годишната програма на оваа меѓународна организација.
На работилницата учествуваат претставници на даночни управи од 10 земји членки на ИОТА организацијата со 34 учесници, а свои стручни предавања оддржуваат висококфалификувани лица во делот на форензиката.
Управата за јавни приходи петти пат по ред е земја домаќин на работилници што се реализираат во соработка со ИОТА организацијата, каде што од 1997 година е полноправна членка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Даниел Жонса предавач на „Google News Lab“ гостува на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок