Македонската кик-бокс репрезентација веќе неколку денови се наоѓа во Грција каде настапува на Европското првенство.
Денеска во полуфиналените борби победи остварија Милан Кубин и Марија Божиноска кои обезбедија финале во своите дисциплини.
Прва на татамите излезе Божиноска која имаше импресивен настап во дисциплината кик лајт во категоријата до 70 килограми каде успеа да ја декласира својата противничка со 3-0 без да и даде шанса во ниту еден момент од борбата на својата противничка Турчинката Илкај Мангуч.
Уште поубедлив настап имаше Милан Кубин кој со технички нокаут на почетокот на втората рунда го елиминираше турскиот кик боксер Алватар Чамар во дисциплината кик лајт до 89 килограми.
Во попладневните часови некаде после 14 часот треба да настапат и нашите преостанати двајца кик-боксери Ненад Манојловски и Димитар Ѓорѓиев.
Манојловски во дисциплината кик лајт до 69 килограми за противник го има Володимир Домочук од Украина, додека Димитар Ѓорѓиев ќе се бори со Словакот Карлик Марек во категоријата кик лајт до 74 килограми.
Претседателот и селектор Дејан Митровски и генералниот секретар Драган Атанасовски се презадоволни од досегашниот тек на првенството затоа што засега Македонија има четири медали и два финални натпревари во пресрет на преостанатите две борби, но амбициите не застануваат тука бидејќи нашите репрезентативци атакуваат кон златните одличја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.