Романското Јавно обвинителство, по репортажата на британскиот таблоид „Сан“, започна истрага во врска со обвинувањата за искористување детски труд во компанијата за кондиторски производи „Киндер“.
– Започнавме истрага против непознат сторител за искористување малолетни лица поради остварување профит – изјави портпаролка на Обвинителството, Михаела Пориме.
Во статијата на „Сан“ се говори за две деца, на возраст од 6 и 11 години, од романскиот градот Кареи, кои работеле 13 часа на ден во погон на „Киндер“ заедно со нивната мајка, за таа да добие поголема плата.
Локалното здружение за права на децата, од друга страна, изрази сомнеж за веродостојноста на кажаното.
– Исклучено е децата да бидат експлоатирани 13 часа на ден зашто тие редовно посетуваат училиште и градинка – изјави директорката Маријана Драгос за агенцијата „Аџепрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.