Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на благодарноста, ја повика нацијата на единство, јави Би-Би-Си.
– Дојде време да почнеме да ги надминуваме нашите разлики, но тензиите не можат да исчезнат „преку ноќ“ – наведе Трамп.
Тој призна дека на многумина веројатно им останала „горчина“ по изборите.
– Тоа не оди брзо, но сега имаме шанси да создадеме нова историја и да донесеме вистински промени во Вашингтон, да обезбедиме безбедност во градовите и реален просперитиет на нашите заедници – нагласи Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.