| четврток, 6 декември 2018 |

Осумдесетгодишен Јапонец ќе урива рекорди на Монт Еверест

everest-80yo-japan-6a.photoblog600Еден јапонски алпинист, кој има 80 години, се искачува на Монт Еверест. Неговата желба е да стане најстариот човек што се искачил на покривот на светот.

Јуичиро Мура, кој денеска тргна во поход, веќе има влезено во Гинисовата книга на рекорди. Тој во 2003 година на 70-годишна возраст се искачи на  8.848 метри високиот врв. Тоа беше негово прво искачување на оваа митска планина.

Неговиот рекорд во 2007 година го собори 71-годишниот сонародник, Катсусуке Јанагисава, а од мај 2008 година титулата му пропадна на Непалецот, Мина Бахадури Шершан, кој овој подвигот го изведе на 76 години. Во истата година, Мура по вторпат се искачи на Еверест на 75-годишна возраст.

– Ќе се обидам одново на 80 години и ќе ја стимулирам мојата храброст, волја и мотивација- изјави овој авантурист.
Интерес е податокот што таткото на Мура се спуштил од Мон Блан на скии на 99 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top