Признанија за најдобар угостителски објект во Скопје за 2016 година денеска ќе добијат три ресторани и три гостилници. Признанијата ќе ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа година, освен за трите најдобри гостилници и ресторани, ќе се доделат и признаници за трите најдобри кафе-барови на подрачјето на Скопје.
Изборот се организира традиционално кон крајот на тековната година, а за реализација на овој проект, Градот ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитет на услуга, која преку директна посета од независни и објективни тајни купувачи-гости го истражуваат и го оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.