| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: 600 милиони евра ќе бидат обезбедени за земјоделците

todorov

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ се предвидуваат 600 милиони евра за земјоделците во Македонија.

Голем број на проекти се предвидени во програмата кои ќе бидат во полза на земјоделците, вели носителот на листа за ИЕ 2, Никола Тодоров кој што беше во посета на Младо и Старо Нагоричане и кој својата денешна агенда ја продолжува во кумановските села.

– Проектот за финансирање до 80 отсто од трошоците на земјоделците кои што ќе ги имаат за набавка на системи за капка по капка. Тоа е проект кој што треба да овозможи на поголем број земјоделци да набават вакви системи, со што 80 проценти од тоа што ќе го платат за набавка на тие системи, државата да им ги врати како грант, вели Тодоров.

Уште еден проект кој што овозможува поврат од 80% е доколку сточарите набават високо приносен добиток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top