| четврток, 6 декември 2018 |

Савевски: Приватните болници треба да ги намалат цените на услугите

SAMSUNG

Носителот на кандидатска листа во петтата изборна единица Здравко Савевски од Левица, денеска пред Клиничката болница во Битола изјави дека треба да запре трендот на заминување од државата на квалитетни кадри од јавното здравство. Според него, за решавање на овој проблем најнапред треба да се зголемат платите на здравствените работници.

Посочи дека бараат да запре преминот на лекари од јавното во приватното здравство, но и да се заузда приватното здравство со високите и неконтролирани цени на услугите.

– Приватните болници си дозволија да наметнат високи цени и тоа мора да прекине, односно мора да се воведат регулирани цени на здравствените услуги и во приватното здравство. Не може една услуга што се плаќа по една цена за истата услуга во приватното здравство да се плаќа 10 пати повисока цена. На овој начин ќе се спречи нелојалната конкуренција на приватниот здравствен сектор во однос на јавниот, додаде Савевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top